Чистење на дрвените подови

Редовното чистење е клуч за убав изглед на вашиот дрвен под. Со “Bona Floor Care” (Бона Подна Нега) системот, создаден наменски за дрвените подови, вие само ги прскате подот и го пребришувате, лесно и безбедно!
Следете ги “чекор по чекор” инструкциите за превентивни мерки и дневна нега и вашиот под ќе биде убав долги години.

Општи совети за нега на подот

  • Впијте го вишокот на течност бидејќи прекумерната употреба на вода предизвикува трајни дамки.
  • Одбегнувајте восок, оцет и “сенаменски” средства за чистење, бидејќи го матираат лакот.
  • Поставете простирки или теписи во близина на влезната врата и во ходниците со голем сообраќај, за да се фатат песокот и нечистотиите.
  • Не го влечете мебелот или тешките предмети преку подот – подигнете ги или лизгајте ги врз специјални простирки.
  • Користете заштитни подлошки или капи на мебелот
  • Редовно поткаструвајте ги ноктите на миленичињата.
  • Избегнувајте носење на високи потпетици – може да направат дупчиња

 

 

Инструкции


Лакирани, фарбани, намаслени или третирани со тврд восок

Чекор 1: Подготовка

Исмукајте го подот внимателно

Чекор 2: Редовно читење на дрвениот под

1. Кога подот изгледа гнасен, испрскајте го го со “Bona Wood Floor Cleaner” за да се раствори нечистотијата.
2. Избришете го подот со Бона Пед за чистење поставен на Бона мопата.
3. Исплакнете го педот со вода и добро изцедете го пред да продолжите со чистење. Претерано гнасните педови (влошки) може да се перат во машина.

Regular cleaning is the key to keeping your wooden floors at its best.

За намаслени подови користете “Bona Cleaner for Oiled Floors” во комбинација со Бона педот за читење.

Bona Cleaner for oiled floors

Чекор 3: Периодично оддржување

Ако вашиот под изгледа бледо, изгребано или покажува други знаци на истрошеност, следете ги следниве чекори за да ја вратите убавината на подот.

1. Исмукајте го подот внимателно. Исчистете го со “Bona Wood Floor Cleaner” и Бона Пед на Бона мопата.
Clean the floor with Bona Wood Floor Cleaner before applicating Bona Wood Floor Refresher or Polish.
2. Нанесете “Bona Wood Floor Polish” или “Refresher” со Бона Пед за аплицирање. Нанесете еден изедначен слој врз целиот под. Оставете да суши 2 часа.
Bona Wood Floor Refresher and Applicator Pad

За намаслени подови

1. Исчистете го подот со “Bona Cleaner for oiled floors” и Бона пед за чистење.

Bona Cleaner for oiled floors
2. Навлажнете го Бона педот за чистење со “Bona Oil Refresher”.
Испрскајте “Bona Oil Refresher” на подот и разнесете го со педот. Нанесете еден изедначен слој врз целиот под. Оставете да суши 2 часа.