Грижа за подобар внатрешен простор

greenguard_cuddle_1038x436

GREENGUARD сертифицирани продукти

GREENGUARD сертифицирањето на животната средина се стреми да помогне во намалувањето на изложеноста на хемикалии со понудување на луѓето на поздрави продукти на кои тие можат да им веруваат. GREENGUARD стандардите се меѓу најригорозните светски емисиони стандарди за производи и се базирани на достапните стандарди и препораки од националните и меѓународните агенции за јавно здравје.

Погрижете се за воздухот во просториите – еве неколку совети:

Проветрувајте го домот. Колку повеќе чист воздух внесувате, од толку повеќе загадувачи се ослободувате.

Чувајте го домот сув.Оддржувајте ја влажноста под ниво од 60%, употребувајќи одвлажнувачи доколку е потребно. Чистете ги одвлажнувачите редовно.

Не пушете внатре. Очигледно, но чадот од тутун содржи високи концентрации од илјадници загадувачи.

Намалете ја употребата на груби средства за чистење, растворливо-базирани средства за чистење или средства за чистење со интензивен мирис.

Активностите како вадење боја, лемење или лепење, фарбање, брусење или камено полирање може да создадат високо ниво на загадување. Направете ги надвор..?

Оставањето на автомобилите, косилките или  други мотори да работат во гаража или блиску до домот исто така емитира хемикалии.  Изгасете ги ако не ги користите.

Перете ја постелнината секоја недела заради намалување на алергените како грините.

Оставете ги чевлите пред влез за да не внесувате прав и ѓубре од надвор. Поставете простирка пред влезната врата.

Употребувајте ефикасни правосмукалки и микрофибер крпи.

Собните растенија го филтрираат јаглендиоксидот, но не претерувајте со водата при вадењето, бидејќи може да развијат мувла.

 

Нашата грижа за животната средина

Бона води голема грижа за оние кои работат со нејзините решенија, живеат и уживаат во нив и на животната средина засегната од нејзините активности и производи, денес и во иднина.

Се стреми континуирано да понуди подобри продукти со помало влијание кон животната средина. Тоа доведе до значајни иновации од воденобазираните лакови во 1970-тите до системот за стружење без прашина во 2000-тата. Денес, се горди што можат да понудат целосна палета на еколошко оддржливи производи за стружење, лакирање, лепење, оддржување и чистење на дрвениот под – во тек на целиот негов живот.

Бона воденобазираните лакови имаат многу низок VOC (Volatile Organic Compounds – Органски испарливи соединенија). Нивото на испарливи органски соединенија во воздухот има ефект врз здравјето и животната средина. Тоа значи дека производите на Бона се подобри за вашето семејство, вашите миленичиња и внатрешниот животен простор. Шведската воденобазирана технологија е клучот на враќањето на убавината и елеганцијата на дрвениот под, воедно правејќи ги навистина јаки и трајни.

Прашината од стружењето навлегува секаде. Во алиштата, во кујнските елементи, косата на вашите деца! Системот за задржување на прашина (DCS) на Бона ве ослободува речиси целосно од оваа прашина. Всушност одстранува 99.8% од прашината во воздухот споредено со традиционалните процедури на стружење. Паркетарите опремени со овој систем нудат стружење без прашина, па не мора се да покривате. Или да вадите. Или се да чистите од таван до подрум по работењето на паркетарот. А воздухот од машината за стружење излегува почист отколку кога влегол, благодарение на ХЕПА воздушните филтри.