Лакирајте го подот – за љубителите на “Направи Сам”

Чекор по чекор: Како да го лакирате дрвениот под

Реновирањето на дрвениот под може да изгледа како комплицирана работа, но од друга страна и многу исполнувачка. Следете ги “чекор по чекор” инструкциите и откријте ги убавините кои се кријат во вашиот стар дрвен под.
Листа на потребен материјал:
Ваљак за воденобазирани лакови
Телескопска рачка
Мала четка
Абразив со гранулација 150
Правосмукалка
Навлажнета крпа без влакненца
Ракавици, заштитни наочари и пластични навлаки за чевли
Подготовка
Внимателното стружење и подготовката на подот е клуч за создавање на перфектна површина. Осигурете се дека подот е истружен до голо дрво. Така истружен, внимателно исмукајте ја површината и секаде каде може да навлезе прашина. Лакот се нанесува на нормална собна температура, 18-25°C. Навлечете ги завесите за да избегнете директна сончева светлина на подот.
Исполнување на фугите
За да се исполнат фугите и да се слеат со остатокот од подот, измешајте дрвна прашина-остаток од процесот на брусење, со Бона Микс&Фил. Машината за ивици создава најпогодна прашина. За поголеми фуги употребете Бона Микс&Фил Плус или Гап Мастер.
Нанесување на лак
Измешајте го контејнерот и оставете го да одмори 5-10 минути пред употреба. Првиот слој на голо дрво треба да е Бона Прајмер (основен лак). Нанесете го Прајмер-от систематски без прекин. Планирајте го аплицирањето, водејќи сметка каде ќе почнете и каде ќе излезете од просторијата.
1. Нанесете основен лак на крајниот дел од просторијата. Користете четка или мал ваљак. Не ги лакирајте сите рабови во едно поминување!
2. Потопете го ваљакот во кофата и нанесете го прајмерот подеднакво, без притискање, нормално на правецот на штичките.
3. Измазнете ја површината која сте ја лакирале со повторно поминување, но сега во правец на местење на штичките, без да додавате лак. Подигнувајте го и спуштајте го ваљакот внимателно.
4. Повтерувајте ги чекорите 1-3 за секои 2 метра. Преклопете со претходната секција заради мазен спој. Повторувајте се додека целиот под не е прекриен.
5. Оставете да суши 2-3 часа.
6. Направете лесно стружење (матирање) со абразив со гранулација 150.
7. Изсмукајте го подот и пројдете го со лесно навлажнета крпа.
8. Нанесет слој од “Bona Wood Floor & Furniture Varnish” или друг Бона лак по истиот принцип како и основниот лак и оставете да се исуши. За простории со ниско ниво на сообраќај (газење) вообичаено е доволно два слоја лак. За простории со високо ниво на сообраќај се препорачува и трет слој лак.
Кога подот е спремен за повторна употреба?
Вообичаено подот може да истрпи лесен сообраќај по 8 часа од лакирањето. После 24 часа може да се врати намештајот, но препорачуваме да причекате со тешките парчиња – барем неколку дена. По една недела лакот ја достигнал целосната јакост, па може да ги поставите  и килимите.
Периодично оддржување
Оддржувајте го вашиот под убав
Редовно спроведувајте суво чистење со правосмукалка, мека метла или Бона Пед за Прашина. Повремено испрскајте го подот со Бона Чистач за Дрвени Подови (Bona Wood Floor Cleaner) и избришете. Ако на подот му е потребно освежување, нанесет слој од Бона Политурата (Bona Wood Floor Polish) или Бона Освежувачот (Bona Wood Floor Refresher), за да го вратите сјајот на подот.